Нема да го повлечеме нашиот предлог закон за измени на Законикот во делот на една изборна единица, пропорционален модел и избор на пратеници според Донтовата формула, вели за „Слободен печат“ Павле Трајанов, пратеник и еден од предлагачите за промена на изборниот модел.



„Министерот за правда Никола Тупанечевски нека си го тера проектот за нов Изборен законик…Немаме намера да го повлечеме нашиот предлог закон за кој речиси е постигнат консензус“.

Според лидерот на Демократскиот сојуз најавата за нов Изборен законик од Министерството за правда е обид да го амортизира притисокот од партиите за промена на изборниот модел.

Очекувам Џафери деновиве да го стави на пленарна седница нашиот предлог за кој според информациите, е усогласено тој да ја помине првата фаза. Потоа ќе се отвори јавна дискусија, а во второто читање можни се амандмани, по што ќе се гласа и ќе видиме дали ќе помине – вели Трајанов.