Зачудувачка е леснотијата со која Георгиевски лицитира со основните атрибути на македонскиот национален идентитет и се обидува да ги претстави како конструктивно решение во полза на двете страни, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз на Павле Трајанов.
„Предлозите на Георгиевски, особено за настанокот на македонскиот јазик, се порадикални и подеструктивни дури и од предлозите на најзакоравените бугарски националисти. Не е случајно што тие едногласно му честитаат на предлозите и му даваат безрезервна поддршка, зашто според нивниот тон и содржина, Георгиевски настапува како советник на бугарската влада.
Демократскиот сојуз смета дека во еден сериозен спор во кој се релативизираат и негираат основните идентитетски параметри на македонскиот народ, не смее да им се дава гласност на шарлатански предлози, каков што е последниот од некогашниот премиер Љубчо Георгиевски, велат од партијата.






