Трајанов: Промена на Устав, само ако и Бугарија признае македонско малцинство

Лидерот на Демократски сојуз и пратеник во македонското Собрание Павле Трајанов смета дека нацрт-ппредлозите се компромис на тоа што го предлага СДСМ и на тоа што го предлага ВМРО-ДПМНЕ било основа за постигнување на барем минимален консензус за интегрален текст на Собранието во одлуката за предлогот.



Трајанов му реплицираше на пратеникот Антонијо Милошоски дека „недозволиво е внесување на механизам за следење или спроведување на преговорите поврзани со протоколот, со заедничката историја, преговарачката рамка или заедничките извештаи. Во ваков случај, тој механизам би станал услов за текот на преговорите и процесот во диктат од едната страна, за нејзини важни политички или историски прашања и би го засенил процесот на европеизација и стандарди за кои вие тврдите дека се залагате“.

Според лидерот на ДЦ, Трајанов, „доколку предлогот беше добар, тогаш немавме да имаме собраниска расправа. Што се однесува до промената на Уставот, само доколку се обезбеди реципроцитет, значи доколку Бугарија го признае македонското малцинство ако не поинаку туку по основ на пресудите од Судот во Стразбур, тогаш и Бугарите ќе влезат во нашиот Устав. Во спротивно јас нема да гласам за тоа “, одговори Трајанов.