Денеска во Парламентот, по двегодишна блокада ќе започне расправа по Предлог-измените на Изборниот законик.
„Македонија да биде една изборна единица, при што останува пропорционален модел, без изборен праг и решение за самостоен настап на помалите етнички заедници“ соопшти пратеникот и лидер на Демократски сојуз, Павле Трајанов.
„Составот на парламентот ќе биде одраз на волјата на граѓаните, повеќе партии и поединци ќе влијаат во носењето на круцијални одлуки, водејќи сметка за стратешките и национални прашања. Ги повикувам сите предлагачи и пратеници да се вклучат во расправата и преку сериозна и аргументирана дискусија да се одлучува“ вели Трајанов.







