Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, во емисијата „Само вистина“ на „Канал 5“ телевизија истакна дека
Барањето за премиер Албанец не е прифатливо, вели претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, чија партија е дел од коалицијата со СДСМ.
„Партијата што ќе прифати таква уцена мислам дека треба да се избрише од политичката сцена, но тоа нема да го направи ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ. Без разлика дали е голем притисокот за да се направи влада, таква уцена од ДУИ нема да биде прифатена“, рече Трајанов во вечерашпното гостување во „Само вистина“ на Канал 5.






