„Криминалот стана вредносна категорија, а не зло со кое мора да се справиме“, оцени во гостување на Сител претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.



Тој смета дека „Криминалот разорно дејствува врз целокупниот систем на државата и мора да се менуваат работите. Мора системски промени, мора да имаме заокружен и ефикасен систем. Значи, долго време како партија и јас како претседател на таа партија се ангажираме за проектот декриминализација. Војна против криминалот да се имплементира“.

Вели дека седумте државни институции чија работа е борбата со криминалот не се координирани и предлага формирање на Агенција што ќе ги координира сите активности.

Според Трајанов, политичка волја кај власта ниту имало, ниту ќе има во иднина за борба против криминалот и корупцијата.