Трајанов: Наместо референдум да одиме на предвремени избори

Павле Трајанов лидерот на Демократски сојуз кој се уште еден од владејачкото мнозинство и покрај дел несогласувања смета дека не треба да има референдум туку парите да се дадат за избори.



Тој посочува дека владата нема да организира референдум во врска со францускиот предлог.

Според него, наместо референдум, Владата односно партиите и пратениците можат да одат на предвремени избори и да бараат поддршка од граѓаните.

-Преговарачката рамка доби поддршка од 68 пратеници, по што Владата даде согласност на “пакетот”, за Меѓувладината конференција и започнување на скрининг процесот, кој треба да трае околу 1,6 година, период во кој треба да се внесат Бугарите во Уставот и да се имплементираат обврските дефинирани во протоколот. Формално правно за започнување на преговорите и отворањето на кластерите треба да се одрази на нова Меѓувладина конференција помеѓу Македонија и ЕУ, рече тој за Локално.

Трајанов додава дека наместо референдум, Владата односно партиите и пратениците можат да одат на предвремени избори и да барат поддршка од граѓаните, меѓу другото и за преговарачката рамка и политиките кои ги имплементираат, смета Трајанов.