Трајанов лут што му ставиле „Спутник V“ – сакал „Фајзер“

„Не може од Фејсбук да се гради политика. Некој ќе напише дека пратениците се привилегирани и ќе се вакцинираат со ‘Фајзер’, и министерот ја менува со ‘Спутник’. Тоа е крајно катастрофална и неодговорна ситуација.



Едно беше најавата, сосема друго излезе во пракса“, реагираше пратеникот Павле Трајанов откако денеска беше вакциниран со руската „Спутник V“.

Тој реагираше дека пратениците се целосно дискриминирани бидејќи министерот за здравство Венко Филипче не им оставил право на избор, пренесува „Независен“.

Трајанов рече дека тоа е став и на другите пратеници, но не смеат да го искажат откако ја примија.

„Сите се практично вознемирени бидејќи испадна класична замена, да не кажам измама“, нагласува Трајанов кој е скептичен дека со доцнењето и со ваквото темпо на вакцинација ефектите ќе бидат минимални за стекнување на колективен имунитет.