Претседателот на Демократскиот сојуз вели дека Македонија би добила „чиста 10-ка“ на скалата на корумпираност.



„Имаме силен процес кој продолжува на криминализација, криминалот во оваа држава стана вредносна категорија, а не зло со кое што треба да се справиме. Криминалот полека ја гризе и јаде државата и затоа не функционира. Сега зборуваат фондовите биле испразнети, тешко се затвораат потребните буџетски ставки…

Не треба ништо друго, да имаме систем да престане да се краде од оваа држава и тогаш ќе има пари за се. Овој народ не може да создаде толку, колку што власта може да растури, да расипе или да украде“ вели лидерот на ДС.

Во неделното интервју за Радио слободна Европа, Трајанов вели дека Владата не се справува со криминалот и корупцијата во државата, бидејќи инситуциите се партизирани и со нив раководат партиски луѓе кои се подложни влијанија, особено кога станува збор за кадрите на Демократската унија за интергација.

Во седумте институции кои се одговорни за борба против корупцијата, против тешките облици на криминал, раководат партиски луѓе. Тие не можат да започнат оперативна истрага против носител на јавна функција ако се работи за кадар на ДУИ, бидејќи таа има силен механизам да влијае на тоа дали Владата понатаму ќе опстои или не.

И тука е целата работа, тука е браната…“ вели Трајанов.