Во врска со изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска дека „интеграцијата на земјава во ЕУ е безбедносно прашање“ и дека, во спротивно, можеме да бидеме злоупотребени и малициозно искористени за несакани дејствија и за подгревање на страстите, поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов им порачува на функциониерите од власта веднаш да престанат да го плашат народот со евентуални конфликти.



Страшно звучи кога министер за одбрана ќе ви соопшти дека можни се меѓуетнички тензии“, вели за Трајанов за „Плусинфо“,

Не толку одамна слична изјава имаше и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој порача дека членството на Македонија во ЕУ претставува „лепак за меѓуетничките односи“, а додаде и дека „без европска можност оваа држава тешко ќе дише“. кој им порачува на функциониерите од власта веднаш да престанат да го плашат народот со евентуални конфликти, потсетува „Плусинфо“.

„Ваквите изјави на Петровска и на Османи претставуваат крајно непочитување и крајно неодговорно однесување кон мнозинскиот македонски народ. Што ако другата страна сега започне да шири такви екстремни закани? – прашува Трајанов.

Многу малку е потребно за да се влошат актуелните релативно стабилни меѓуетнички односи во Македонија. Ваквите закани апсолутно не се продуктивни, а заканувачите треба да размислат што зборуваат во јавноста, оти самите се носители на високи позиции.

Да не го мотивираат народот да започне со контра-закани и со тоа да се дестабилизира државата.

Одговорноста на министерот за одбрана и на сите други е да водат сметка за стабилноста на државата и да направат сѐ за да не дојде до нарушување на внатрешната безбедност“, вели Трајанов за Плусинфо…