Трајанов: Едно зборуваа, а сега СДСМ го блокира законот за една изборна единица

„Едно велеа кога им требавме за формирање на новата Влада, друго сега“, вели лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, околу предлогот на оваа партија за една изборна единица за што, според него, Димитар Ковачевски му рекол дека ќе разговара со Ахмети да го убеди за тоа.



Сега со најавата за работни групи јасно е дека СДСМ го блокира законот, вели Трајанов

Трајанов очекува деблокада на законот во Собранието и Комисијата за политички систем да свика седница за законот.

„Нема ни законска, ни деловничка можност да го држат законот во фиока. Иако испративме писмо до Џафери да почне расправата за законот, се` уште немаме никаков одговор. Барав средба и со Ахмети, но ни тој не одговори. Три месеци е оптимално време да се донесе промената на изборниот модел. Тие ако сакаат нека си формираат работни групи“, вели Трајанов за „Слободен печат“.