Македонија да биде една изборна единица, побараа на денешната прес конференција пратеници-предлагачи на измените на Изборниот законик.
Донесувањето на измените на законот досега го блокираа СДСМ и ДУИ.
„Со една изборна единица ќе започне силен процес на демократизација и јакнење на одговорноста на носителите на јавни функции, ќе се демонтира монополската положба на владеење на една партија, секој глас ќе има иста тежина, а составот на Парламентот ќе биде одраз на определбата на граѓаните кои ќе имаат можност за избор“ изјави Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз, пренесе ТВ21
Според него, со воведување една изборна единица, како и со отстранување на системските предности на четирите партии поврзани со финансирање на изборната кампања, медиумскиот простор за политичко претставување и државното финансирање на партиски институти, ќе се создадат еднакви услови за политички натпревар и при носењето круцијални и други стратешки одлуки ќе учествуваат повеќе партии и поединци“.






