Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место на тешка сообраќајна несреќа во близина на граничниот премин Табановце во која едно лице го загуби животот, велат од Обвинителството.
Според првичните сознанија, иницијалниот судар меѓу два автомобили, “Фолксваген поло” со кумановски и “Фолксваген голф” со скопски регистарски таблици, бил предизвикан кога најверојатно возачот на еден од автомобилите влегол на автопат во недозволена насока.
По тој првичен судар, патничката од кумановското возило излегла од автомобилот и во тој момент на неа налетал автомобил “Опел инсигниа” со српски регистарски таблици. Од ударот жената се здобила со тешки повреди од кои починала.
Издадена е наредба за обдукција на починатата, како и за испитување на примероци од крв и урина на другите учесници кои во моментов се хоспитализирани со полесни повреди. Прибрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење со цел прецизно да се утврдат причините за сообраќајната несреќа, Велат од обвинителството.
Наводно, музичарот Ѓорѓе Давид, член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, учествувал во сообраќајна несреќа што се случила во Македонија, на автопатот Куманово – Табановце, во која загина 49-годишна жена од Куманово. Според информации на српските медиуми две лица се тешко повредени.
– Точно е, се случи несреќа синоќа на 3 километри од македонската граница. Наводно, девојка и нејзиниот сопатник излегувајќи од своето место влегле на автопатот во спротивната насока. Возејќи во спротивна насока, девојката налетала на автомобил и директно се судрила со него. Во таа прилика тешко е повреден возачот на автомобилот во кој таа удрила, тој сега се бори за живот, додека неговиот сопатник е полесно повреден. Девојката која го возела автомобилот и удрила во нивниот автомобил е полесно повредена. Меѓутоа, нејзиниот сопатник не – вели Ѓорѓе за „Гранд“.
Сообраќајната несреќа се случи синоќа околу 20 часот.






