Трагична сообраќајка на „Рузвелтова“ – загина лекар

Пулмологот Трајче Нешковски (32) почина попладнево откако му се слошило и со автомобилот удрил прво во друго возило во движење, а потоа и во дрво на улицата „Рузвелтова“ во Скопје.



„Пациентот почина по час и пол реанимација. Телото е предадено на Судска медицина за да се утврди точната причина за смртта. Станува збор за наш млад колега специјализант на Клиниката за пулмологија, кој ја водеше ковид-единицата во детската болница ‘Козле’, а денеска беше на должност на Инфективната клиника. Нашите индиции се дека нешто му се случило“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК д-р Маја Мојсова, раководител на Клиниката за реанимација (КАРИЛ) во Клиничкиот центар.