Две лица загинаа, додека еден претрпе тешки телесни повреди како резултат на падот на земјата при отворање на канал. Двајцата загинати биле браќа кои работеле во компанијата каде што сопственик бил нивниот татко. Несреќата се случила во близина на основното училиште “Пенко” во Чаир.



Според очевидци, за време на несреќата таткото на двајцата работници бил присутeн и се обидел со багер да ги ослободи од натрупаното земјиште, но безуспешно. Каналот бил длабок околу два метри. Во моменов екипи на Министерството за внтарешни работи и Судска медицина се на местото на несреќата.

Извор Алсат М