Македонското Министерство за надворешни работи потврди дека утрово во сообраќајка што се случи во Пјаченца, Италија, загинале двајца македонски држаавјани.
Според пишувањето на италијански медиуми, загинале Марија Витанова (25) и нејзиниот братучед Методи Витанов (26), кои биле во автомобил „рено клио“, кој удрил во дрво и се запалил, пренесе Плусинфо.
Неофицијално, се работи за ќерката и за внукот на македонскиот конзул во Италија, Стојан Витанов.





