Деца на возраст од 3 до 15 години, се меѓу десетте загинати откако изутрината избувна пожар во станбена зграда во Волкс-ан-Велин, во близина на францускиот град Лион.
Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин, изјави дека причината за пожарот не е позната во оваа фаза.
„Постојат неколку сценарија и ќе биде отворена истрага“, рече тој, додавајќи дека бил во контакт со претседателот Емануел Макрон за инцидентот.
Пожарот се случил во раните утрински часови во петокот во станбена зграда на седум ката, а го гаселе дури 180 пожарникари.







