Пет лица, меѓу кои и бебе, загинаа, а уште едно исчезна вчера во поројните дождови и поплави што го погодија грчкиот остров Евија.
Осуммесечното бебе е пронајдено мртво, соопшти портпаролот на противпожарната служба.
Неколку часови порано, маж и жена, двајцата во 80-тите години, беа пронајдени во несвест од пожарникарите во две куќи, но во болница било потврдено дека починале.
Две други лица биле 74-годишен маж и 73-годишна жена.
Заменик-министерот за цивилна заштита, Никос Хардалиас, изјави дека две лица се се водат за исчезнати.
Новинската агенција АНА подоцна објави дека хеликоптерот забележал една исчезната жена, која била исфрлена од нејзиниот дом во селото Бурци.
Премиерот Киријакос Мицотакис изрази длабока жалост и рече дека ќе го посети Евија, вториот по големина грчки остров по Крит, во понеделник.






