Трагедија: Дедо си ја прегазил внуката со трактор

Шеснаесетгодишна девојка, била прегазена од полуприколката на трактор што го управувал нејзиниот дедо.



Трагичниот настан се случил вчера претпладне на влезот во радовишкото село Габревци.

Малолетничката додека се возела на трактор, кој бил управуван од нејзиниот дедо, паднала и била прегзена од полуприколката, по што починала на самото место, информира Министерството за внатрешни работи.