Трагедија: 66-годишна скопјанка ја прегази багер во центарот на Скопје

Шеесет и шестгодишната скопјанка Л. Ј. денеска загина во центарот на Скопје откако во неа удрил багер, велат од Министерството за внатрешни работи (МВР).



  • – „Денеска во 11 часот било пријавено дека во Скопје на улица Јордан Мијалков работно возило (градежна машина-багер) управувано од И. А. (42) од с. Грчец, Скопско удрило во Л. Ј.(66) од Скопје која починала на местото на несреќата. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти МВР.

На оваа улица во центарот на градот во моментов е активно градилиштето на „Лимак“ за изградба на комплексот „Дајмонд“.