Траектот „Аурелија“ на кипарската компанија „Снав“, кој плови на редовната линија Анкона-Сплит, остана неподвижен во хрватските води на Јадранско Море , откако му откажа еден од моторите.
Бродот, долг 150 метри, превезува 250 патници и 92 члена на екипажот, пренесуваат хрватските медиуми.
По дефектот кон траекот веднаш биле упатени два реморкера. но поради силниот ветер и брановите од пет метри двата брода морале да се вратат во пристаништето во Шибеник.
Се очекува во текот на денот, траектот сепак да биде повлечен на безбедно.





