Околу 100.000 граѓани се фотографирале за пасоши со „северна“, но на располагање заклучно со завчера има 15.000 обрасци, информираше министерот за внатрешни Панче Тошковски во госување на Телма.



На прашањето како ќе одат нарачките на нови обрасци министерот рече: „Со Господ напред.“

Како што рече проблемот со недоволен број на обрасци настанал поради лошо планирање и катастрофално менаџирање, како и катастрофална динамика на испорака.

Направени биле нарачки за 1.750.000 обрасци за патни исправи, а Македонија има 2,5 милиони државјани.

Тој рече дека до крајот на овој месец треба да стигнат околу 245.000 обрасци за пасоши.