Тошковски: Никој не може да отповика документ што сме го издале. Зошто? Ќе видите следната недела (ВИДЕО)

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски со загадочна најава по информацијата од шефот на дипломатијата Бујар Османи дека Грција ги известила сите држави дека од 12 февруари нема да важат македонските пасоши со името „Република Македонија“.



„Личен документ, патна исправа, лична карта, возачка дозвола може да поништи, согласно меѓународното право, само оној што го издал. Ниеден друг не може да го поништи документот. Ниедна друга држава не може да поништи документ којшто ние сме го издале. Само ние можеме да ја откажеме важноста на патните исправи, а зошто го кажувам ова, ќе дознаете во текот на следната недела“, изјави Тошковски во емисијата „10 минути“ на ТВ 21.