Нема никакви меѓународни пречки македонскиот пасош со старото уставно име да важи, бидејќи единствено Македонија може да прогласи валидности или невалидност на патната исправа, изјави техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски во гостување на ТВ Сител.
Важност или неважност на пасошот како патна исправа единствено може да прогласи оној што го издал овој личен документ, а тоа е македонската држава, нагласи министнерот.
„Единствено ако си направиме хари-кири и прогласиме неважност, рече Тошковски.
Тој упати молба до сите фактори во земјава, како и до медиумите и граѓаните ова прашање да се издигне и објасни и како тема да се крене на највисоко ниво.
Тошковски упати порака и до министерот за надворешни работи, Бујар Османи, именувајќи го според неговата професија.
„Докторот не разбира меѓународно право, ниту јас се дрзнувам како правник и адвокат, со искуство во овој дел, дека го разбирам меѓународното право во целост. Но, со добра консултација и координација може да се истурка и оваа работа, како што денеска се истурка и проблемот со возачките дозволи“, рече Тошковски.





