Тошковски на Табановце, и Србија пропушта со лични карти со РМ

Покрај Албанија и Косово, и Србија дозволува влез на македонски државјани со (стари) лични карти со „Република Македонија“ со валиден рок на важење, лично се увери техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски при денешната посета на граничниот премин Табановце.



„Од страна на раководните полициски службеници на граничниот премин бев известен дека сѐ се одвива во најдобар ред, согласно утврдените правила, и дека граѓаните без проблем можат да остварат излез од државата кон Србија и со оние лични карти кои се со името ‘Република Македонија’, но се важечки според датумот на важност испишан на нив“, изјави Тошковски.

„Србија отсекогаш била пријателска земја. Многу ви благодарам“, им рече македонскиот министер на службениците од српската гранична полиција.