Тортевски: ,,Ќурката” прави реформи и ќе избрка едно чудо мали бизниси

Адвокатот Александар Тортевски го коментира владиниот план за даночни реформи со кои според него многу мали компании ќе заминат од земјата да ги регистрираат бизнисите во странство.



,,Ќуркава прави даночни реформи и ќе избрка едно чудо мали бизниси, ИТ компании, дигитални номади ама на видео состанок владата одлучила да даде 130 милиони € за старт ап компанија која од 2010 на друго место не може да најде инвеститор за проектот. Мнооогу богати сме, нема што”, коментира Тортевски.

Според најавите владата сака да ги зголеми даноците во повеќе сектори што треба да донесе 54 милиони евра повеќе во буџетот.

Владата нема анализа колку форми ќе заминат од државата за да не плаќаат зголемен данок.