Адвокатот Александар Тортевски вели дека фодека била ангажиран како советник во СЈО му бил понуден поткуп, кој тој го одбил.



Во интервју за „Фокус“ и напрашање дали поткупот бил за одреден предмет на СЈО, адвокатот, вели:

„Да, и го пријавив тоа во СЈО. Сега ми е жал што ја немам потврдата, се трудам да ја добијам, но има проблем бидејќи сега нема кој да го одобри тоа, затоа што Катица е во притвор. Инаку, ми беа понудени огромни пари – педесет илјади евра“, вели Тортевски кој за ова пријавил кај Јанева а бил запознат и целиот колегиум.

Тортевски вели дека, оној кој му го нудел поткупот барал да лобира да се забошоти одреден предмет, но и дека предметот – го снемало.