Тортевски открива скандал во ФФМ: Најдобриот селектор Ангеловски морал на суд да си ги бара парите од премијата

Адвокатот Александар Тортевски по вчерашниот пораз на македонската фудбалска репрезентација од 0-7 на гостувањето во квалификацискиот напревар против англискиот национален тим, вперувајќи го прстот кон Фудвалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател Муамер Сејдини, откри неверојатна информација.



Тортевски во својот твит објави дека најуспешниот фудбалски селектор Игор Ангеловски – Мрме не ја добил премијата од ФФМ за историскиот пласман на македонската фудбалска селекција на Европското првенство 2020 па морал да ја бара по судски пат. Шефот на стручниот штаб според договорот со ФФМ имаше клаузула за премија ако Македонија ја однесе на Европското првенство, ама после „војната“ со актуелниот претседател Муамед Сејдини во последната година од важешкиот договор, првиот човек на ФФМ не сакал да му ја исплати таа премија, па сѐ морало да оди по судски пат.

„По историскиот успех на репрезентацијата и пласманот на ЕП, претседателот Сејдини прво што направи е да го избрка селекторот, а на сите членови на УО на ФФМ им додели награди од по 20.000. Патем, на Игор Ангелевски не сакаше да му ја исплати наградата, па моравме да одиме по судови“, објави Тортевски.

ФФМ од пласманот на Македонија на ЕП тогаш заработи безмалку 10 милиони евра.