Адвокатот Александар Тортевски, вели нема никаква основа да се гони некој за веење знаме, кое е нашироко прифатено од многу граѓани, во врска со судењето на адвокатот и активист за ловекови права Тони Менкиноски на кој денеска пак седнуива на „обвинителна клупа“ пред Охридскиот суд.



Тој се товари за „нарушување на јавниот ред и мир“ зашто го истакнал знамето со ѕвездата од Кутлеш на јавно место.

„ Не сум сигурен во конкретниов случај точно која одредба е употребена, но многу е проблематично што сè се подразбира под јавен ред и мир. Од друга страна, сосема сум сигурен дека неколку стотици илјади луѓе во Македонија го имаат веено ова знаме во разни пригоди. Во најмала рака, во случајов има слективна примена на законот, зашто не може од стотици илјади луѓе само еден да се земе на одговорност, не смее полицијата селективно само него да го гони“, вели адвокатот Тортевски за „Плусинфо“.

Според него, нема егзактен договор или забрана да се користи тоа знаме, а некои што го толкуваат неговото истакнување политички, тоа е, вели, друга работа.

„Тоа беше официјално знаме, сега е сменето, но нема закон што дефинитивно ја забранува неговата употреба“, вели Тортевски.