Кандидатот за градоначалник на Скопје на партијата Твоја ја анализира веродостојноста на анкетите што ги прави агенцијата Рејтинг која ја водат кадри на СДСМ а според која оваа партија има добри резултати.
“Е нема посмешно од анкета која ја прави партиска агенција формирана од Ѓорѓи Спасов а водена од син му. Да не е СДСМ не би заработиле за леб и сега пред избори прават и објавуваат анкети кои немаат врска со реалноста”, пишува Тортевски за анкетите на кадрите на СДСМ.
Во еден од коментарите иронично се коментира дека анкетата на Рејтинг е правена во штабот на СДСМ.
Е нема посмешно од анкета која ја прави партиска агенција формирана од Ѓорѓи Спасов а водена од син му. Да не е СДСМ не би заработиле за леб и сега пред избори прават и објавуваат анкети кои немаат врска со реалноста.
— Aleksandar Tortevski (@atortevski) October 12, 2021






