Тортевски: Македонија се претвара во пристојно место за умирање

„Поставувањето на крстови на секој чекор е признавање на суровата вистина: Македонија се претвара во пристојно место за умирање а не за живеење.



Луѓето се селат во странство за да живеат и работат а се враќаат на старост за да умрат.

Дајте целиот буџет да го потрошиме за крстови“, реагира адвокатот Александар Тортевски по вчерашното поставување темели за изградба на 63-метарски крст во скопската населба Драчево.

Кога ќе биде завршен, тој ќе биде втор по големина крст во Македонија, по оној на Водно.