Македонските политичари како да сакаат да порачаат „нека почне борбата со корупција, ама не од мене“ вели адвокатот Александар Тортевски.



Тој има одредени резерви резерви кон најавената борба со корупцијата во Македонијао собено од јавниот став што доаѓа од македонските политички кругови кој со нетрпение очекува да започне борбата со корупцијата , генерирана токму од највисоките општествени скалила.

„Не смее да има политички опортунитет и компромиси со правдата и борбата со корупцијата. Тоа е почетната позиција ако навистина се очекува искоренување на високата корупција и организираниот криминал.

Кај нас во Македонија нема организиран криминал од видот на мафија, но секој вид организирана корупција е длабоко испреплетен со политиката, односно под заштита на политичките партии на власт, вели Тортевски за „Нова Македонија“.

Така што некако се апсурдни „радоста и нетрпението“ што ги изразуваат политичарите за да започне борбата со корупцијата што би ја предводел странски, односно американски тим“ вели Тортевски за „Нова Македонија“.

Македонските политичари како да сакаат да порачаат „нека почне борбата со корупција, ама не од мене, зашто не сум корумпиран“.

Не сум сигурен колку би бил успешен овој проект на американска помош за борба против корупцијата во Македонија, со оглед дека имаме едно неуспешно искуство со СЈО (кое во голема мера беше американски проект), кое заврши со дебакл на борбата со корупцијата пред политичкиот опортунизам.

Освен тоа, САД, па и ЕУ, немаат извршна надлежност во Македонија, на пример за апсење на корумпираните политичари.

А, корумпираните политичари во Македонија нема да се уапсат самите себе, доколку им биде доверена борбата со корупцијата.

Можеби едно ефективно решение би било да му предадеме одредени уставни и законски надлежности на сериозен странски фактор (САД или ЕУ) извесен период да управува со обвинителството, полицијата судството, за да се расчисти со корупцијата“, вели адвокатот Александар Тортевски.