Тортевски ќе има убаво мислење за премиерот ако ќерка му не патувала на владин трошок во Рим

Многу ќе имам убаво мислење за Ковачевски ако покаже дека сам ги платил трошоците за патувањето и претстој на ќерка му во Рим.



Ова е ставот на адвокатот и член на колективното раководство на партијата Твоја Александар Тортевски откако беа објавени фотографии на кои се гледа дека во официјална посета на Папата во Ватикан со него е и неговата ќерка.

Предходно јавноста беше скандализирана од патувањето на министерот Тупанчевски во Палермо на мечот меѓу Макеоднија и Италија каде патот и сместувањето беше платено од ФФМ.

Дел од познавачите на протоколот велат дека кога премиер не носи со себе сопруга може да дојде и негово дете но голем дел од јавноста смета дека Ковачевски направил грешка што со себе ја повел ќерката.

Дел пак сметаат дека е скандалозно што премиерот кај папата однесол дете како член на своето семејство.