Сериозно да се преиспита работата на Националната агенција чија директорка е Лидија Димова, побара адвокатот и претседавач на „Твоја партија“, Александар Тортевски во гостување на 24 анализа.



„Институцииите треба сериозно да го испитаат работењето на Националната агенција. Сега единствено е битна вистината. Треба да влезе ревизија треба да влезат вистински стручњаци и постапката да се води многу сериозно, затоа што излегоа многу луѓе кои кажуваат дека од оној проект за фризерскиот салон каде што на фирмата каде што основна дејност и е фризерски салон ѝ се дадени 270.000 евра за проекти околу медиумска писменост…“

Кој образовен процес имаме за тренинг на динарско магаре и коњ липицанер, тренинг и тоа за 83.000 евра…рече меѓу другото Тортевски тука гледа односот на јавните функционери кон парите кога ќе дојдат во позиција да ги делат.