Игор Југ има повеќе право да добие амнестија од пратениците. Тој не ја извршил задачата што организаторите му ја доделиле, пишува на Твитер адвокатот и советник на СЈО, Александар Тортевски.
Тој смета дека пратениците ги отвориле вратите со што во целост ја исполниле задачата добиена од организаторот на државниот удар.
Тортевски најави дека бесплатно би го бранел Југ доколку не добие амнестија и објаснува дека тој:
Доброволно се
откажал од обидот ( ако имал задача).
Не носел качулка.
Не употребил сила кон никого.
По негова заслуга државниот удар
не успеал, а сепак може да лежи само затоа штоне е пратеник.
Вчера адвокатот изрази мислење дека сите обвинети за 27 ми Април мора да бидат амнестирани. Дали некој употребил сила, носел качулка, оружје или е организатор се утврдува само со правосилна пресуда, а никако со решение донесено за 5 дена.
Без пресуда сите ги исполнуваат условите за амнестија, смета Тортевски.
Игор Југ заедно со обвинетиот Јане Ченто изјави дека нема да поднесува барање за амнестија.





