Тортевски: А, како веднаш откриле дека дрогата била заборавена

По вчерашното соопштение на МВР дека пронајдената дрога на албанско-црногорската граница во автомобил управуван од полициски службеници била заборавена, реагира адвокатот Александар Тортевски.



Според него само во сериозно спроведена обвинителка и судска постапка може да се утврди дека тоа било така.

„Не може Оливер да ослободува некого без сериозна анализа и форензика“, предупреди Тортевски во објава на Твитер.