Неколку десетици проукраински активисти се обидоа да достават торта со череп и црвена глазура (што требаше да симболизира крв) во руската амбасада, но полицијата не им дозволи да го сторат тоа.



Перформансот се одржа по повод првата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина.

Активистите планирале да поднесат барање до рускиот претседател Владимир Путин да се „предаде“ пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг поради „геноцидот во Украина“, но не успеале во тоа.

Групата активисти ја предводеше адвокатот Чедомир Стојковиќ, кој тортата ја постави на тротоарот недалеку од зградата на руската амбасада, пишува Нова.рс.