СЗилно торнадо синоќа погоди градовби во сојузната американска држава Мисисипи.
Според Си-Ен-Ен, најмалку 23 лица загинаа во силното невреме кое носеше покриви, а илјадници луѓе останале без струја.
Торнадото ги погодило градовите Силвер Сити и Ролинг Форк, од кои вториот е целосно уништен.
„Мојот град веќе го нема“, рече градоначалникот.
Четири лица се водат како исчезнати, а тимовите за пребарување и спасување трагаат по преживеани откако невремето ја погоди областа, соопшти државната Агенција за вонредни состојби.
„За жал, очекуваме овие бројки да се променат“.






