Топланите „Исток“ и „Запад“ не смеат да користат дизел – ЕСМ сепак ќе прави тест проби

Топланите Исток и Запад не смеат да користат дизел гориво за испорака на топлинска енергија. Ова за Телма го потврди првиот човек на министерството за животна средина, Насер Нуредини. Тој објаснува дека дозволата која ја имаат овие два објекти предвидува тие да работат на гас, а во случај на пазарот да го нема овој енеегенс, алтернативата е да се користи мазут и тоа краток период.



За употреба на друго гориво, мора да се поднесе барање за измена на дозволата. Постапката е исто како да се вади нова дозвола и трае 90 дена. Нуредини инсистира се додека има гас да се користи за загревање, затоа што со тоа ќе се заштити и животната средина и здравјето на луѓето.

Ги прашавме и ЕСМ каква дозвола имаат овие топлани, дали истите имаат заштитни филтри, и дали ќе ги тестираат на дизел.

Но, во одговорот на компанијата главно се зборува за најавените тест проби, без да потенцираат дали овие топлани имаат филтри. Во меѓувреме се трошат последните количини на гас , кои беа обебзедени на почетокот на месецов и се доволни до 15 ноември.