Поради топењето на глечерите на Монт Еверест, на површина се појавуваат тела на стотици планинари кои во изминатите децении загинале обидувајќи се да го освојат највисокиот планински врв на Земјата.



 Се оценува дека речиси 300 луѓе умреле на планината повисока од 8.000 метри, а многу од откриените тела се исклучително добро сочувани поради екстремно ниските температури – дури и децении по смртта.

Многумина се ‘уште се закопани под хималајскиот мраз, но експертите веруваат дека глобалното затоплување почнува да ги открива.

Некои од откриените тела на планинари веќе се дислоцирани од кинеската страна на планината, објави Би-би-си.

Според експерти, операцијата за симнување на телата од планините чини помеѓу 40 и 80 илјади долари.

Повеќе од 4.800 планинари го освоија Монт Еверест откако за прв пат беше освоен од новозеланѓанецот Едмунд Хилари во 1953 година.