Топалов за Македонците: Не знам дали ни се браќа, тие ни се веќе братучеди!

Наспроти таквите изјави во Бугарија, тамошниот историчар Кирил Топалов, дел од заедничката комисија за историски и образовни прашања, не е сигурен дека Македонците им се браќа на Бугарите.



„Не знам дали ни се браќа, тие ни се веќе братучеди. Ако продолжат на ваков начин да ја пцујат мајката Бугарија, можеби во скоро време и ќе ги ‘отбратучедиме’ од себеси. Нека го знаат тоа. Да не сметаат вечно на тоа дека сме братучеди со нив и оти мајка Бугарија ќе отстапува секогаш за сè пред нивната антинародна политика, на тие што владеат 75 години со Македонија. Треба да го знаат тоа“, порача тој во интервју за бугарската комерцијална телевизија БТВ.

Топалов се осврна и на несогласувањето за револуционерот Гоце Делчев, нагласувајќи дека тој ги употребувал зборовите Македонија и Македонец во регионална смисла, а не во етничка.

„Сите политички сили во Македонија ја бранат таа теза дека Гоце Делчев е Македонец. Никаде нема мисла од него дека тој не е Бугарин, туку е Македонец. Тој понекогаш ги употребува, и на тоа се повикуваат колегите од македонската комисија, зборовите Македонија и Македонец, но во регионална смисла. Има огромна разлика дали ќе употребиш еден таков етноним во регионална или во државна смисла“, објасни тој.