Кирил Топалов, член на бугарскиот дел од Мешовитата комисија со Македонија за историски и образовни прашања, ја обвини македонската власт дека им дава лажна надеж на своите граѓани дека Бугарија ќе попушти по изборите кај неа.
„Нивната власт постојано ги лаже своите граѓани при секои избори во Бугарија дека ќе се реши нивното прашање. Решавањето на нивното прашање не зависи од изборите во Бугарија, зошто никогаш досега бугарскиот народ, посебно во последните сто години, не бил толку единствен и обединет околу една општествена, политичка, национална кауза, како што во моментов бугарското општество е во однос на македонското прашање. И тоа не е случајно“, изјави тој за бугарската телевизија Нова.






