„Изборите во Македонија ќе ги добие оваа партија која најжестоко зборува против Бугарија“, вели за БНТ бугарсѝкиот историчар Кирил Топалов за комплицираните односи меѓу двете земји.
Според него, Бугарија не треба да ги остави на страна провокациите на РСМ, неговите очекувања се тие да се продлабочат.
„Нивниот европски пат е во наши раце, затоа бугарската позиција треба да биде поостра против провокациите на РСМ. Реално, РСМ во преку своите власти не сака да влезе во ЕУ и прави се за да ја спречи Бугарија да ги пушти внатре“.
Топалов рече дека мекиот тон го наметнале политичарите од Бугарија и бугарските научници: „Ако не можеме да најдеме конструктивност, тогаш што да кажеме за политичарите“.
Топалов ги негираше сите обвинувања на РСМ кон Бугарија за фашизам, пренесува Њуз.бг.
„Во Бугарија немаше фашизам и нашата земја секогаш се држеше настрана од фашистичката идеологија. Нема ништо понеприфатливо од тоа да се нарекуваат фашисти, но во Република Македонија тоа функционира“.
Тој посочи дека колку повеќе минува времето, толку повеќе македонското општество се инспирира и едуцира негативно кон Бугарија.
Според Кирил Топалов, нивното општество е озрачено од пропаганда од нацистички тип.






