Топ моделот Ратајковски во војна со шефот на Фејсбук, доби 84 K лајкови

Американската манекенка Емили Ратајковски го нападна сопственикот на социјалната мрежа Марк Цукерберг за цензурата врз претседателот Доналд Трамп.



Цукерберг најави блокада на Трамп на Фејсбук до крајот на неговиот мандат затоа што неговите постови можат да предизвикаат и инспирираат насилство.

“Ова им ја дава на Фејсбук/технологијата/Зак најголемата моќ. Ако тој може да го вклучи или исклучи претседателот, тој може да исклучи кој било од нас”, пишува популарниот модел која има огромен број обожаватели на социјалните мрежи пред се на Фејсбук, Твитер и Инстаграм.