Адвокатот и еден од членовите на претседателатвото на партијата Твоја Александар Тортевски на Твитер бара мислење од граѓаните дали да се кандидира за градски тако на Скопје.
Терам вака сабајлево понеделнички и ми падна на памет дека може да се кандидирам за градоначалник на Скопје. Што ќе ми кажете вие, искрени одговори само молам. Другите одма ќе ги блокирам. pic.twitter.com/NLPfRQjJJa
— Aleksandar Tortevski (@atortevski) August 23, 2021
Да смениме малку, со искрен настап, ветуваш само тоа што можеш да исполниш, е негов аргумент за кандидатурата.
“Претседавач сум на партија фирмирана по моја иницијатива а кон крајот на годината ми изминува мандатот без право на реизбор. Веројатно треба да направам нешто за промоција на партијата. Инаку откако ја регистриравме Твоја, сум под целосно медиумско ембарго”, одговара Тортевски на тие што го обесхрабруваат.
Адвокатот се уште не ја објавува одлуката дали ќе се судри со Шилегов и со кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска во трката за Скопје.
Во негово последно гостување на емисијата Заспиј ако можеш на Алфа ТВ со Горан Момироски и Драган Милосављевиќ Тортевски меѓу другото откри низа шокантни информации за начинот на кој власта се справувала до набавка на вакцини но никој не покрена процес за неговите тврдења.
Шокантни откритија на адвокатот Тортевски од “Твоја” за вакцините (ВИДЕО)
Последна вест
Уште само 9 дена до истек на рокот





