Потресен статус на актерот Тони Михајловски за односот на граѓаните кон тоа што и се случува на нивната земја.
“Македонијо, мајко. Ти гориш, ние пееме, ти плачеш, ние се смееме. Ти умираш, ние планираме да живееме. Те избришавме, за ние да се запишеме. Предадена од своите деца, и оставена во дом за заборавени и забранети нешта. Жално, жална мајко Македонијо”, пишува популарниот актер Михајловски.




