Тони Блер одново во Белград, Јеремиќ го навреди на „Твитер“

Претседателот на  народна партија, Вук Јеремиќ, на „Твитер“ објави дека поранешниот британски премиер Тони Блер „се вратил“ во Белград.



Јеремиќ објави фотографија на поранешниот британски премиер сликан во Белград и притоа искоментира „Ѓаволот дојде по своето“.

Тони Блер беше британски премиер во времето на НАТО интервенцијата врз Србија во 1999 година.

Б92 потсетува дека ова не е прва посета на Блер, односно дека тој во 2015 година бил во Белград каде имал едночасовно предавање за министрите од тогашната влада.