Томор Морина имал и британски пасош!

Поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина, кој беше уапсен во Македонија по потерница од Интерпол,а на барање од Србија, освен косовско државјанство, Морина поседувал и британски пасош.



И британската амбасада во Скопје се интересирала за судбината на Морина, дознава ТВ21.

„Помагаме на еден британско-косовски маж кој е уапсен во Северна Македонија и сме во контакт со локалните власти“, велат од Амбасадата на Велика Британија во Скопје.

Кривичниот суд денеска донесе одлука дека не се исполнети условите за екстрадиција на Морина во Србија.

Амбасадорот на Косово во Скопје, Ѓерѓ Дедај, пред неколку дена најави дека испорачувањето на Морина во Србија може да ги наруши односите меѓу Косово и Северна Македонија.

Морина, на 24-ти јули беше уапсен од македонската полиција на граничниот премин Табановце.