Примирјето меѓу Израел и Хамас, кое беше постигнато со посредство на Египет, стапи на сила на полноќ.
Луѓето излегоа на улиците да го прослават примирјето. Хамас предупреди дека сè уште ги држи „рацете на чкрапалото“ и побара од Израел да го запре насилството во Ерусалим и да ги реши штетите во појасот Газа по најлошите борби во последните неколку години.
Борбите почнаа на 10 мај, по судирите на Палестинците со израелските безбедносни сили пред светата џамија Ал-Акса во Источен Ерусалим, по што Хамас ги испука првите ракети кон Израел.
Во меѓусебните бомбардирања загинаа 232 Палестинци и 12 луѓе во Израел, чија војска тврди дека убила повеќе од 150 милитанти.
Ѓестоки пресметки меѓу Израел и владејачката Хамас во Газа редовно се повторуваат на неколку години.







