Осомничените за случајот ,,Око” екс градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ, екс претседателот на советот Владимир Здравев и другите уапсени се третираат по познатиот сталинистички метод кој претходно го објасни Елена Доцевска Божиновска.
Доцевска Божиновска која беше уапсена за случајот ,,27 април” и пред да биде ослободена беше 50 дена во притвор раскажа како власта на СДСМ и ДУИ апси политички противници за да бидат ставени пред нечовечки притисок.
Таа од страна на Судот за човекови права во Стразбур го доби спорот против македонскиот суд поради прекршени процедури.
Нечовечкиот однос кон неа таа го раскажа во емисијата Заспиј ако можеш со Горан Момироски и Драган Милосављевиќ каде објасни дека една од формите за притисок е апсење на осомничени односно политички или бизнис цели од страна на власта во петок.
Со приведување во петок уапсените цели 4 дена во притвор во Шутка можат да бидат предмет на невиден притисок а притоа немаат можност најмалку до понеделник да разговараат со адвокат или лекар.
Од поднесената пријава за денеска осомничените поминаа 5 години и тие досега можеа да бидат приведени било кој ден но власта го прави тоа токму во петок за да со евентуслен притвор бидат изолирани и подложни на уцени до понеделник.
Која е целта на држењето на Здравев кој веќе доби притвор или Тодоровиќ и другите цели 4 дена без адвокат може да биде јасно ако се знае дека тој е под притисок на косовска фирма блиска на една политичка партија во власта да ги продаде своите бизниси во Македонија.
Бизнис кој е цел на косовски инвеститори има и Здравев кој веќе доби притвор а за Тодоровиќ се чека одлуката.
Емисијата во која Доцевска Божиновска раскажува за сталинистичкиот метод на апсење во петок.






